Утрински Весник
Македонија

ДУИ бара оставака од Таравари поради петте починати деца во последните два месеци

Taravari Bir Bb.jpg

Смртта на уште едно дете во Детската клиника е трагедија која не смее да помине без одговорност.Ова е петти пат како слушаме за загуба на дете за помалку од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди, велат од ДУИ.

– Од едно интервју до друго, министерот е повеќе во партиските игри отколку во министерството, додека нашите најмили ја плаќаат цената на некомпетентноста и негрижата. Ова го премина секој праг на хуманото и прифатливото. Во име на одговорноста кон граѓаните, бараме итна оставка на директорот на Клиниката и министерот за здравство. Невидената неспособност и неодговорност веќе ги одзема животите на нашите најмили. Ова е аларм кој не смее повеќе да се игнорира, се вели во соопштението од партијата.


Можете да прочитате

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Во недела почнува летното сметање на времето