Утрински Весник
Скопје

Дудуш: Шутка повторно остана без јавен превоз

Jsp.webp.webp

Од вчера Шуто Оризари повторно остана без јавен превоз, објави градоначалникот на општината Курто Дудуш.

– Граѓаните на минусни температури повторно со часови на автобуските постројки! ЈСП – Град Скопје доколку се снајдам и обезбедам превоз за моите сограѓани и за тоа ли ќе ме обвините за незаконско вршење на превоз на патници? Со измислени фактички ситуации, извртувања на надлежностите, мандатни казни од 3 х 53000€, мислите дека ќе не замолчите како заедница? – праша Дудуш на својот Фејсбук профил.


Срам – неспособност -дискриминација, додаде тој.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје