Утрински Весник
Магазин

Дубалките може да бидат опасни за децата, предупредуваат педијатри

20240801133624 Big 730x400 25 1.webp.webp

Дубалките се популарни со десетлетија, но освен што не можат да им помогнат на децата да ги научат и усовршат вештините за одење, може да претставуваат и опасност за најмалите, според некои педијатри.

Во таа смисла, Американската академија за педијатрија повика на забрана за употреба на дубалки. Тие „може да предизвикаат сериозни повреди“, според лекарите. 

Истражувањето објавено во стручното американко списание „Педијатрикс“ наведува дека во периодот од 1990 до 2014 година – 230.676 бебиња на возраст под 15 месеци се посетени од итна помош поради повреди предизвикани од дубалка. Од нив, 90 отсто биле повреди на главата и вратот.

Уште повеќе, Академијата предупредува дека „повредите може да се случат и за неколку секунди“, така што „подобро е да не ризикувате бидејќи нема да има доволно време“ да му помогнете на малечкото.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста