Утрински Весник
Спорт

Дубаи влегува во АБА лигата

Normal Aba11.jpg

Клубовите од АБА лигата конечно ја донесоа долгоочекуваната одлука. Дубаи од следната сезона ќе игра и во регионалното натпреварување!

Како што неофицијално дознава српскиот портал Меридијан спорт, на Собранието кое почнало околу пладне, девет клуба гласале „за“ , додека само Партизан бил против воведување на екипа од ОАЕ во моментов.

Будуќност не испрати свој претставник на средбата.

Да потсетиме, пред една недела на состанокот во Загреб не беше донесена конечна одлука, па на сопствениците на АБА лигата од Емирати им пратија порака дека имаат седум дена да донесат одлука или Дубаи ќе си замине.

Сега останува да се види што ќе направи Евролигата. Се очекува овој нов, амбициозен проект да ја одигра првата сезона во Еврокупот, а потоа да се приклучи на најсилната европска лига.

Според договорот Дубаи треба да игра во АБА лигата најмалку три години, а за возврат лигата ќе добие 4,5 милиони евра.

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал