Утрински Весник
Македонија

Дубаи ги укинува визите за македонските граѓани

Mickoski oae.jpg

Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани. Ваква вест сподели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ова се должи, пред се, на неговата последна посета на Емиратите.

-Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина, порача Мицкоски.


Вчера беше објавено и дека се преговара за дополнителна авиолинија од Абу Даби до Охрид.

-Дали тоа ќе биде „Емирејтс“ или „Ер Арабија“, се преговара и се разговара, изјави Мицкоски од собраниската говорница. Вели дека би бил среќен доколку до крајот на годината, се објави уште една дестинација и тоа да биде од Охрид. Смета дека ќе биде додадена вредност за туризмот во градот.

-За претстојниот исламски верски празник, една од најголемите туристички агенција во ОАЕ, а можеби и најголемата, ќе го прогласи месецот претходно како Месец на Македонија и ќе ја промовира земјава како туристичка дестинација на жителите на Емиратите. Добив уверување од главниот емир на земјата дека со таа нивна пропаганда оваа информација ќе стигне до најмалку милион луѓе. Летот е околу пет часа, кажа премиерот, одговарајќи на пратенички прашања.

Можете да прочитате

Пристигна биолошката терапија на Клиниката за онкологија, потврдија од таму

Во Алијансата за Албанците не размислуваат сите како Таравари, тврди Меџити

Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство