Утрински Весник
Македонија

ДС: Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување

Demokratski Spjuz 780x470 1.jpg

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со која директно се кршеше начелото на уставно загарантирано право на работа и слободен избор на вработување на сите граѓани, независно од нивната етничка, верска и социјална припадност. Балансерот поттикна бројни злоупотреби и направи вистинска карикатура од декларирањето на етничката припадност на граѓаните, кои само за да се доберат до работно место во државната администрација, масовно лажно се прикажуваа како Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби.

Демократскиот сојуз нагласува дека мерит-системот треба да биде единствената алатка за вработување и унапредување на повисоки раководни места во државните и јавните институции. Што се однесува до соодветната и правична застапеност на етничките заедници, која исто така е уставна категорија, важно е да потенцираме дека припадниците на етничките заедници може да имаат предност при вработувањето во државните и јавните институции на национално и на локално ниво, единствено доколку со другите кандидати се изедначени во професионалните квалитети. Тоа е суштината на позитивната дискриминација која се применува како успешен модел во некои мултиетнички општества на Запад.

Етничката припадност не може и не смее да биде критериум за вработување и за унапредување на раководни позиции во јавните институции. Законот за правична застапеност кој се најавува како замена за укинувањето на т.н. Балансер, мора да ги има предвид овие европски и светски стандарди, наведуваат од Демократскиот Сојуз.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!