Утрински Весник
Македонија

Државниот секретар во Министерството за одбрана поднесе оставка

Државниот секретар во Министерството за одбрана поднесе оставка

Од лични и здравствени причини, како што се наведува во оставката, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата државен секретар во Министерството за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од 5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

„Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување“, велат од Министерството за обрзана.

Министерството му се заблагодарува на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

Можете да прочитате

Владата негира дека преговара за мигрантите

Николоски: Македонија вложува силни напори за изградба и модернизација на европските коридори 8 и 10

Филипче: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта