Утрински Весник
Македонија

Државни функции за Павле Трајанов, Солза Грчева и Наташа Котлар

Zgrada Na Vlada Spomenik Na Osloboditelite 1 Bg.jpg

Владата денеска на седница донела нови кадровски решенија, дознава ТВ21 од свои извори. Па така, досегашниот заменик генерален секретар на Владата, Тахир Хани е разрешен од должноста, но и понатаму ќе зема плата односно, денеска на владина седница му е утврдено правото на плата по престанување на функцијата до стекнување на право на старосна пензија. На негово место доаѓа Хасим Муртезани.

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов  е именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, сметано од први август. Лидерката на Глас за Македонија, Солза Грчева пак е именувана за Национален координатор за реформи во високо образование.Исто така, се разрешува в.д. директорот на Државен архив, Христа Најданов, а на нејзино место именувана е Наташа Котлар.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски