Утрински Весник
Македонија

Државна видеолотарија: Незаконски ни е одземено правото да приредуваме интернет игри на среќа

Test.webp.webp

Во Законот за игрите на среќа има важечки одредби за издавање лиценци за интернет игри на среќа, но и по 12 години од стапување на сила на законот, Министерство за финансии не ги има објавено подзаконските акти со кои се уредува постапката за аплицирање за овие лиценци., велат од Државна видеолотарија за 4NEWS.mk

Според нив претходната Влада незаконски издала нови лиценци за интернет игри, повикувајќи се на правата од членот 7 од законот.

„Член кој е наменет за формирање само на едно трговско друштво со најмалку 51% државна сопственост. Правото од член 7 е веќе искористено за формирање на Државна видеолотарија во 2014 година, и согласно закон правото да приредува интернет игри на среќа можеше да се активира најдоцна до 1.јануари 2015“, додаваат од Државна видеолотарија.

Од таму додаваат дека „сето ова предизвика ланец на реакции на владата и собранието, каде во постапката да се утврди законитоста на издадените нови „лиценци” по член 7, се донесе автентично толкување на законот за игрите на среќа според кое интернет игрите на среќа можат да се приредуваат само со лиценца, без да се наведат други детали како се добива лиценцата и од каде се заклучува тоа. Владата потоа донесе одлука да се затворат новоформираните друштва со 51% државна сопственост, но и да престане со работа 2win.mk на ДВЛМ“.

„Иако сметаме дека правото да приредува интернет игри на среќа на ДВЛМ е незаконски одземено, во моментов работата на 2win.mk мора да сопре. Доколку владата ја преиначи одлуката за прекин на работа на 2win.mk или веднаш штом овозможи да се добие лиценца во регуларна законска постапка, 2win.mk ќе продолжи со работа“, заклучуваат од Државна видеолотарија.

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани