Утрински Весник
Свет

Државен удар во Буркина Фасо, сменет претседателот Дамиба

Државен удар во Буркина Фасо, сменет претседателот Дамиба

Во западноафриканската држава Буркина Фасо, војската изведе нов државен удар, осум месеци по последниот државен удар.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите на локалните медиуми, актуелниот претседател, потполковник Пол-Анри Сандаого Дамиба, бил разрешен од должноста во телевизискиот говор на новата влада на државната телевизија РТБ во петокот вечерта.

На чело на Буркина Фасо сега е капетанот Ибрахим Траоре од вооружените сили на Буркина, се вели во соопштението.

Привремениот парламент бил распуштен и уставот суспендиран. Границите на земјата сега се затворени, а новите власти воведоа полициски час во 5 часот наутро.

До петокот, поранешниот претседател Денимба говореше дека води преговори со неговите „браќа по оружје“. Истовремено го повика населението на мир.

Војниците се стационирани на централните локации во главниот град на Буркина, Уагадугу, од рано утрото. Го блокираа и пристапот до претседателската палата. Во петокот вечерта се слушнаа пукотници во главниот град.

Тие го опколија и седиштето на телевизијата и радио станицата РТБ, јавува репортер на ДПА од Уагадугу. Војниците исто така стражареа пред воените бази во градот.

Војската ја презеде власта во јануари, велејќи дека сака да ја засили безбедноста во земјата.

Политичката и хуманитарната ситуација во Буркина Фасо е нестабилна долги години. Вооружени групи се активни таму, како и во соседните Мали и Нигер, од кои некои припаѓаат на терористичката група Исламска држава или терористичката мрежа Ал Каеда.

И покрај богатите наоѓалишта на злато, жителите на Буркина Фасо страдаат од долготрајни суши и глад.

Безбедносната ситуација во последно време се влоши, што вршеше притисок врз преодната влада предводена од Дамиба. Во септември, десетици војници и цивили беа убиени во два напади врз конвои за снабдување на северот од земјата.

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“