
Заменик-директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, преку Фејсбук информираше дека денеска на планината Плачковица е спроведена успешна заедничка акција против нелегална сеча на дрва.
Во акцијата учествувале екипи на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција и ОВР Радовиш, кои на лице место затекнале група дрвокрадци. Според Михаилов, станува збор за лица кои во изминатиот период предизвикале големи штети на шумскиот фонд во овој дел од планината.
При интервенцијата биле одземени две моторни возила што се користеле за транспорт на крадени дрвни сортименти, една моторна пила и друга опрема за нелегална сеча.
„Морам да изразам голема благодарност до колегите шумски полицајци и припадниците на МВР, кои професионално и одговорно ја завршија задачата“, напиша Михаилов.
Тој најави дека акциите продолжуваат низ целата држава, со порака дека нема да има толеранција за нелегални активности во шумите.
„Во интерес на истрагата нема да споделиме повеќе детали, но можам да кажам дека се работи за дрвокрадци кои им беа добро познати на службите и зад себе имаат повеќе кривични дела“, додава Михаилов.


