Утрински Весник
Македонија

Дрога и оружје најдени за време на претрес во Липково

Thumbnail 1 1 800x546 1.jpg

Дрога и оружје биле најдени за време на птрес на полицијата во Липково. Како што соопшти МВР, по претресот приведени се Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од селото Никуштак.

„При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки“, соопшти МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава. Од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.

Можете да прочитате

Наставниците и професорите ќе добијат покачување од 5 проценти со октомвриската плата

Викендов со пониски температури и со северен ветер, но и со повеќе сонце!

Мотор удрил во автомобил во Прилеп – тешко повредена сопатничката на мотоциклот