Утрински Весник
Спорт

Дрејк се обложи за милион долари на Супербоул

Дрејк се обложи за милион долари на Супербоул

Финалето на НФЛ-лигата, популарниот Супербоул, го преокупира вниманието во светот на спортот, а за големиот трофеј ќе се борат Филаделфија иглс и Канзас сити чифс.

dobivaj vesti na viber

Еуфоријата посебно во Соединетите Американски Држави го достигнува максимумот, а го привлече вниманието и на познатиот рапер Дрејк, кој сака да се обложува на врвните спортски настани.

Дрејк и овојпат уплати над милион долари на Супербоул.

Тој претходно се обложуваше, и тоа неуспешно на натпревар на Аргентина на Светското првенство, а потоа „гаучосите“ го освоија трофејот. Исто така „изгоре“ многу пари и на Барселона.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига