Утрински Весник
Свет

Драва незапирливо расте, поплавени патишта и куќи, некои населби целосно отсечени во Хрватска

Драва незапирливо расте, поплавени патишта и куќи, некои населби целосно отсечени во Хрватска
Dik 300x250 mk

Драва во Хрватска продолжува незапирливо да расте. Според податоците на мерната станица, од 15 часот во понеделник до 9 часот во вторник, нивото на водата е зголемено за речиси 70 сантиметри.

dobivaj vesti na viber

„Особено тешко е во месноста Крижница, која од синоќа е целосно отсечена бидејќи веќе не може да се стигне до пешачкиот мост, моментално единствената врска со копното е само со брод“, пренесува ICV.hr.

„Службите беа активирани веднаш по одлуката за воспоставување редовна одбрана од поплави во хрватските води. Траектот не сообраќа од петокот и единствената врска со Крижница е пешачки мост. За жал, сега може да се стигне само со брод. Ги снабдуваме жителите во соработка со Штабот за цивилна заштита на општина Питомача.

„Засега ситуацијата е под контрола. Во моментов не се загрозени куќите, но се загрозени земјоделските површини и викендичките покрај Драва. Се очекува уште повисок водостој, но овде сме во постојан контакт и достапни 24 часа“, изјави началникот на Штабот за цивилна заштита Маријо Клемент при денешната обиколка на Крижница, пренесува Индекс.хр.

Врвот на водениот бран се уште се очекува во текот на доцните попладневни и ноќни часови, кога се очекува Драва да се искачи уште 50 до 100 сантиметри.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот