
Паника завладае на небото откако во авионот „Ербас А321“ кој леташе на релација Ханжу (Кина) до Инчон (Јужна Кореја) изби пожар во еден од багажниот простор. Сето тоа се случувало на висина од 10.000 метри.
Патниците и стујардесите кои биле во паника, трчале да го изгасат што е можно побрзо.
Авионот на „Ер Чајна“ изврши принудно слетување во Шангај, а авиокомпанијата потврди дека причина за пожарот бил пренослива литиумска батерија во багажникот на патник.
„На 18 октомври, на летот CA139 од Хангџоу до Инчеон, литиумска батерија во рачниот багаж складирана во преградата над багажот ненадејно се запали“, се вели во соопштението на компанијата.
Ова е уште еден случај со спонтано согорување на литиум-јонски батерии за време на летовите. Управата за цивилно воздухопловство на Кина го забрани користењето на вакви батерии на домашни летови.
За среќа во овој инцидент никој не беше повреден.
Air China flight CA139 (B-8583), an Airbus A321-232, was en route at FL330 from Hanghzou to Seoul when a thermal runaway of a lithium battery occurred, leading to a fire in an overhead bin. The flight diverted to Shanghai.pic.twitter.com/rEZdFrC2MZ
— Aviation Safety Network (ASN) (@AviationSafety) October 18, 2025