Утрински Весник
Спорт

Драгиќ се договорил со Милвоки Бакс

Драгиќ се договорил со Милвоки Бакс

Чикаго Булс пред три дена му врачија отказ на Горан Драгиќ. Ветеранот експресно најде нов клуб. Американските медиуми пренесуваат дека Драгиќ се договорил со Милвоки Бакс.

dobivaj vesti na viber

Драгиќ ќе потпише договор до крајот на сезоната. Милвоки беа заинтересирани за Драгиќ и пред една година, но тогаш тој ја прифати понудата од Бруклин Нетс.

Милвоки ќе бидат седми клуб во НБА во кариерата на Драгиќ. Словенецот досега има настапувано за Феникс, Хјустон, Мајами, Торонто, Бруклин и Чикаго.

Во дресот на Булс, Драгиќ одигра 51 натпревар, со просек од 6,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар.

Драгиќ има одиграно 939 натпревари во текот на 15 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Милвоки Бакс се лидери Источната конференција и воопшто во НБА лигата со скор 44 победи и 17 порази. Јанис Адетокумбо и соиграчите зад себе имаат серија од 16 победи.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина