Утрински Весник
Македонија

ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти, велат од СДСМ

Sdsm.webp.webp

Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани.

СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење.

Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други функционери на ДПМНЕ завршија на суд за криминал, корупција, прислушување и бројни злоупотреби.

Таквите се нивните „редови” и денеска. Истите шеми за испумпување на пари од граѓаните, истите местења тендери на фирми блиски до власта.

Скандалот со една фирма со двајца вработени, која за 6 месеци добила тендери тешки речиси 9 милиони евра е потврда за тоа што го говориме.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја коруптивна шема на оваа власт и да ја брани државата од новите бандити.

Работата сè уште не е завршена.

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ