Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Доживотен затвор за маж во Германија кој извршил убиство по расправија за маска

Доживотен затвор за маж во Германија кој извршил убиство по расправија за маска
300x250 opst2

На 18 септември минатата година, 20-годишен студент кој повремено работел како продавач на бензинска пумпа во Идар-Оберштајн на западот од земјата, побарал од 49-годишен клиент да стави маска на лицето.

dobivaj vesti na viber

По првото предупредување од продавачот, пријавениот отишол дома и се вратил со маска, која ја симнал на касата и по уште едно предупредување го застрелал младиот продавач.

Според полицијата, пријавениот делувал од бес и тврдел дека не се согласува со заштитните мерки од коронавирусот. Откако го убил ученикот, насилникот побегнал, но подоцна и се предал на полицијата, пишува Тагесшау.

Во текот на судењето, адвокатите на обвинетиот го отфрлиле обвинението за убиство и се залагале за убиство од небрежност. Но, судот заклучил дека сепак се работи за убиство и го осудил 50-годишникот на доживотен затвор.

Пријавениот признал дека пиштолот го зел од куќата бидејќи бил лут што младиот човек не сакал да му продава пиво без маска на лицето. Тој немал дозвола за поседување оружје.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација