Утрински Весник
Македонија

Дождот не го изгасна пожарот на Огражден, уште гори на неколку места

20240712082201 Big 730x400 53 1.webp.webp

Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, кој избувна пред десет денови, не го изгасна ниту дождот кој вчера попладне го зафати овој регион.

Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, по денешната утринска проверка, виделе дека гори на неколку места.

И покрај силниот дожд од вчера пожарот не е изгаснат, иако мислевме дека денеска ќе можеме да констатираме дека пожарот на Огражден е веќе зад нас. Активен е на неколку места и денеска очекуваме повторно да се гасне од воздух. Сметам дека ќе успееме да ги изгаснеме неколкуте жаришта и целосно да го ликвидираме, рече Гудев.

Инаку, според информациите од ЦУК изгорена е дабова и борова шума на површина од околу 700 хектари. Екипа на ТППЕ Струмица го контролира и изгаснатиот пожар меѓу селата Водоча и Вељуса во Струмичко, кој избувна вчера и зафати голема површина и притоа изгореа три викендици, а за чие гаснење беа ангажирани сите капацитети на струмичките пожарникари.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски