Утрински Весник
Македонија

Дожд и магла во текот на денот, температура до 14 степени

Облачно време со повремени врнежи од дожд
Dik 300x250 mk

Времето во утринските часови ќе биде со појава на локален дожд во западните делови, а во текот на денот променливо облачно со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, јавува УХМР.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје во утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Од денес до сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст. Само во дел од котлините со појава на магла или значителна ниска облачност дневната температура ќе остане пониска. Врнежи од дожд ќе има во сабота, а од недела ќе биде постудено.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија