Утрински Весник
Спорт

Дортмунд против Баерн: Кој со кого игра во последните пет кола

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Борусија го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 4:0 во натпреварот од 29. коло на германската Бундес лига и jа презеде лидерската позиција во Бундес лигата.

dobivaj vesti na viber

За разлика од минатата недела кога Баерн одигра 1:1 со Хофенхајм, оваа „милионерите“ го искористија киксот на големиот ривал. Баерн во ова коло загуби во Мајнц со 3:1.

До крајот на сезоната во Германија остануваат пет кола. Впечатокот е дека Борусија и Баерн имаат подеднакво тежок распоред.

Борусија ќе патува во Бохум, потоа ги пречекува Волфсбург и Борусија Менхенгладбах, па патува во Аугсбург и на крајот во 34. коло го пречекува Мајнц.

Значи, објективно гледано, прилично добар распоред за Борусија, иако некои натпревари навистина ќе бидат тешки бидејќи Волфсбург и Борусија (М) се во релативно добра форма, Мајнц најверојатно ќе се борат за место во Европа, додека Бохум се бори за опстанок, додека Аугсбург е оддалечен само пет бода од опасната зона.

Баерн ќе ја пречека Херта, потоа гостува кај Вердер во Бремен, потоа во Минхен ќе гостуваат Шалке и Лајпциг и во последното коло Баерн ќе гостува во Келн.

Во Дортмунд се надеваат дека можат да ја прекинат 10.годишната доминација на Баерн. Последната титула на Дортмунд им ја донесе Јирген Клоп во 2012 година.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари