Утрински Весник
Македонија

Донација од Амбасадата на Суверениот Ред на Малта за Клиниката за детски болести

20240208101809 big 730x400 90.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Универзитетската Клиника за детски болести доби донација во компјутери од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта во Република Северна Македонија.

Донацијата на опремата вчера во просториите на Клиниката ја предаде амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во земјава Франческо Саверио Џуисти, во присуство на проф. д-р Констандина Кузевска Манева и д-р супспецијалист Весна Мицевска.

Како што соопштуваат денеска од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта, на состанокот било договорено дека и во текот на оваа година Амбасадата ќе продолжи како и во минатото да ја поддржува Клиниката.

-Донациите на Амбасадата на Суверениот Воен Ред во Република Северна Македонија претставуваат конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ, кои се иднината на земјата.

Според повеќе од 900 годишната традиција на Суверениот воен ред на Малта, амбасадата во Република Северна Македонија најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи и во иднина, со цел да се помогне на најзагрозените и на лицата, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата