
Движењето за демократија, права и слободи (ДПС) и Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ја изразуваат својата јасна и недвосмислена поддршка за кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, во вториот круг од Локалните избори.
Нашата одлука произлегува од усогласеноста на програмските определби на Јакимовски со принципите и визијата што ги застапуваме пред граѓаните на Карпош. Посебно ги препознаваме неговите заложби за:
•	енергетска ефикасност и одржлив развој,
•	инвестиции во обновливи извори на енергија,
•	унапредување на пристапноста за лицата со инвалидитет и попреченост,
•	воведување на тактилни патеки и инклузивна урбана инфраструктура.
Сметаме дека овие политики се клучни за создавање на модерен, зелен и хуман Карпош — општина по мерка на сите граѓани.
Затоа, ги повикуваме сите наши членови, поддржувачи и симпатизери, како и сите граѓани кои го дадоа својот глас за нас во првиот изборен круг, во недела да го дадат својот глас за Стевче Јакимовски, кандидатот кој докажа дека може да води одговорно, транспарентно и визионерски.
Веруваме дека заедно ќе продолжиме да го градиме Карпош како пример на локална самоуправа што ги почитува човековите права, еднаквоста и зелените вредности.
Движење за демократија, права и слободи (ДПС)
Демократска обнова на Македонија (ДОМ)





 
					