Утрински Весник
Македонија

Долги колони на „Богородица“, за влез во Грција се чека повеќе од еден час

Долги колони на „Богородица“, за влез во Грција се чека повеќе од еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во ЕУ

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“