Утрински Весник
Економија

Доларот зајакна, нафтата поскапе – 24info.mk

Nafta 3.jpg

На валутните пазари во претпладневното тргување благо порасна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,50 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 102,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,80 на 148,30 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0975 долари, додека во истиот период од вчерашното тргување изнесуваше 1,0980 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладево зајакна за 0,47 отсто, на 77,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 73,85 долари.

Можете да прочитате

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Целта е развој на државата и создавање нова вредност

СДСМ: Расте кризата со откуп на млеко, Мицкоски нема пари за земјоделците

Граѓаните со денови не можат да скенираат сметки, Мoj ДДВ не функционира