Утрински Весник
Македонија

Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“

20250521212807 big 730x400 90.webp.webp

Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“ ќе биде промовиран денеска во Инситутот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик.

– Првпат, една млада генерација средношколци со својата нова визија ги следи клучните моменти, личности и предизвици кои го обликуваа јазикот што денес го зборуваме и го читаме, почнувајќи од неговите корени. Со нетрпение Ве очекуваме за да ја споделиме оваа креативна искра посветена на македонскиот јазик!, наведува ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово, во поканата за промоцијата што ја организира во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. 


Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат локални врнежи, на планините снег

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата