Утрински Весник
Македонија

Доктор Агирова од „Пирогов“: Пациентите со изгореници ќе зскрепнуваат 5 до 7 години поради реконструктивни операции, 5 пациенти се уште во тешка но стабилна состојба

Pirogov Bolnica.png
Dik 300x250 mk

Пациентите со изгореници добиени во пожарот во дискотеката Пулс ќе закрепнуваат од пет до седум години поради потребните реконструктивни операции, изјави докторката Маја Аргирова од бугарската болница Пирогов, додавајќи дека состојбата на четворицата настрадани кои продолжуваат со лекувањето во оваа болница е тешка но стабилна.

Др. Аргирова појаснува дека лечењето на македонските пациенти со изгореници не престанува откако ќе бидат испишани од болниците, туку продолжува во домашни услови со секојдневни рехабилитациски процедури, специјална облека како и здравствени инструкции кои мора да ги почитуваат скоро две години по испишувањето.


Во меѓувреме, Министерството за здравство соопшти дека денеска во Македонија се враќаат четворица повредени кои се лекуваа во странство – двајца од Хрватска и по еден од Шведска и Италија.

Можете да прочитате

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Ароганцијата на некои во „Вреди“ станува одвратна, Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство, вели Османи