Утрински Весник
Македонија

Договорот за автопатите ќе го разгледаат кога ќе кажат датум и комисија, посочи Адеми, кој топката ја префрли кај ВМРО-ДПМНЕ

Договорот за автопатите ќе го разгледаат кога ќе кажат датум и комисија, посочи Адеми, кој топката ја префрли кај ВМРО-ДПМНЕ

Координаторот на пратениците од ДУИ, Арбер Адеми, тврди дека договорот е добиен, а од ВМРО-ДПМНЕ зависи кога ќе го разгледаат. Тој смета дека тие треба да предложат работно тело за да се состанат и да го разгледаат. ВМРО-ДПМНЕ, пак, остана на ставот дека сакаат копии од него бидејќи е на повеќе од 400 страници и треба време, како и консултации со стручњаци. Адеми тврди дека сакаат сè да биде обелоденето.

dobivaj vesti na viber

„Бараме ВМРО-ДПМНЕ да предложи работно тело и ден, односно време да се состанеме и да го разгледаме. Бегаат повеќе од една недела. Јас како координатор на ДУИ уште на првата прес-конференција предложив ден кога и како да се договориме за оваа работа. Попладнето добив негативен одговор. Зошто се прави вака? Нема ништо што треба да се крие. Пред јавноста сè треба да се обелодени. Договорот нека се разгледува“, вели Адеми.

Измените на законите предложени од него и други пратеници за коридорот 8 и коридорот 10 д ќе се најдат на седница ако така изгласа мнозинството.

„Јас верувам дека сите пратеници и политички партии нема да се водат да направат инциденти во Собранието. Тоа нема да го дозволам и ќе направам сè седницата да биде во рамките на тоа што се пропишува во Деловникот. Јас како претседател на Комисијата за европски прашања ќе се водам од Деловникот. Ќе имаме пленарна седница, па пратениците ќе одлучат дали точките ќе бидат на дневен ред. Јас би го прекршил Деловникот ако не закажам седница на Комисијата. Тоа се случува со сите седници на Комисијата. Ако на пленарна пратениците одлучат да се разгледаат предлог-законите, ќе се разгледаат на Комисијата за европски прашања“, рече Адеми.

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !