Утрински Весник
Македонија

Договорот со „Бехтел и Енка“ ќе се разгледува на седница на Комисија затворена за јавноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, намерно лаже за Договорот со Бехтел

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одржа редовна координација на која, согласно воспоставената пракса во неговите мандати, се покануваат координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии претставени во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Една од точките на Дневниот ред беше и претставувањето на Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д пред пратениците во Собранието.

„Со оглед на тоа што Договорот е класифициран, односно само пратениците кои се носители на безбедносен сертификат имаат увид во неговата содржина, Договорот ќе се разгледува на седница на Комисија која ќе биде затворена за јавноста и на неа ќе присуствуваат само пратениците кои имаат безбедносни сертификати“, велат од Собранието.

Ставот на присутните на координацијата е дека, со оглед на тоа што иницијативата е на опозицијата, а опозицијата не присуствува на координација; опозицијата да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот до претседателот и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот. Веднаш по отворањето на комисиската седница, пратениците ќе се изјаснат за затворање на седницата за јавноста.

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид