Утрински Весник
Македонија

Договорот со „Бехтел и Енка“ далеку и од очите на Пендаровски, тој нема да потпише закон со 60-часовно работно време

Договорот со „Бехтел и Енка“ далеку и од очите на Пендаровски, тој нема да потпише закон со 60-часовно работно време
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ниту шефот на државата Стево Пендаровски не го видел договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите. Тој посочува дека сака да ја види расправата во Парламентот, која исто така е заглавена оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат копија од договорот, а не некој да им го раскажува. Пендаровски е дециден дека указ за закон во кој ќе биде пропишано 60-часовно работно време, нема да потпише.

dobivaj vesti na viber

„Не сум го видел, знаете дека е направена делумна декласификација за пратениците кои имаат безбедносен сертификат. Јас го немам видено во изворна форма.
Прво сакам да ја видам парламентарната расправа ова што ќе биде на комисијата и да видиме кои прашања ќе произлезат од таа дебата иако мојот став го знаете, сакам да ги видам дефинитивните верзии на сите тие осум закони кои се во парламентарна процедура“, вели Пендаровски.

Законот со кој ќе се дозволи 60-часовно работно време, поради договорот со конзорциумот, нема да се потпише.

„Тоа ако остане во таа варијанта – не. Уставниот суд ја прогласи за неуставна таа одредба во еден друг закон, не можеме да ги повторуваме грешките. И да го потпишам, а нема да го потпишам ако е таква одредбата, јасно е дека Уставниот суд, следејќи ја својата претходна одлука, повторно ќе ја прогласи за неуставна“, додава Пендаровски

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе