Утрински Весник
Свет

Договорен самит Украина – ЕУ на 3 февруари во Киев

Договорен самит Украина – ЕУ на 3 февруари во Киев

Самитот ЕУ – Украина ќе се одржи во Киев на 3 февруари, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека за време на самитот ќе се разговара за европската финансиска и воена помош за Украина.

Од кабинетот посочуваат дека Зеленски во првиот официјален телефонски разговор годинава разменил детали за средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, пренесе „Франс 24“.

Зеленски и Фон дер Лаен разговараа за испорака на соодветно оружје и почнување нова програма за помош од 18 милијарди евра за Украина, која беше одобрена од Европскиот парламент минатиот месец.

Можете да прочитате

Најмалку 80 политички затвореници ослободени во Венецуела

Во Грција портокалов аларм со прогнози за бури 

Алекс Хонолд се искачи на „Тајпеј 101“ со голи раце