Утрински Весник
Балкан

Додик: Според демократските принципи, резолуцијата за Сребреница не доби мнозинство

Dodik.jpg

Претседателот на Република Српска – Милорад Додик изјави дека што се однесува до демократскиот свет и она што не учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН. Тоа според него значи дека гласањето за резолуцијата не успеа. -На гласањето видовме дека за резолуцијата се изјаснија само 84 земји, што не е ниту огромно мнозинство, нагласи Додик и посочи дека нивниот неуспешен план бил да ги обвинат Србите дека се геноцидна нација. Додик повтори дека Владата на Република Српска го покренала прашањето за мирно одвојување од Федерацијата Босна и Херцеговина, бидејќи, како што истакна, нема причина после ова да останат и да живеат заедно во Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Учесниците на протестот на опозицијата во Тирана предизвикаа хаос, повредени полицајци и новинари

Рама за хашкиот обвинител Хаулинг: „Каков меѓународен идиот“

За безбедноста на протестот на албанската опозиција ангажирани над 1.350 полицајци