Утрински Весник
Свет

Додик го одликуваше Путин со Орден на Република Српска

Додик го одликуваше Путин со Орден на Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го одликуваше претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, со Орден на Република Српска.

dobivaj vesti na viber

„Путин е одговорен за развивање и зајакнување на соработката и политичките и пријателски односи меѓу Република Српска и Русија. Има заслуги во областа на јавните дејности кои придонесуваат за севкупниот и заеднички политички, економски, социјален и економски раст и развој“, рече Додик во Бања Лука, пренесе „РТРС“.

Орденот ќе биде врачен наскоро, на првата средба меѓу Додик и Путин.

Додик му се заблагодари на Путин за поддршката на Република Српска.

„Благодарение на позицијата на Владимир Путин и силата на Руската Федерација, гласот и позицијата на Република Српска се слушаат и се почитуваат и нејзината позиција е зачувана под налетот на меѓународниот интервенционизам“, рече Додик.

Додик им додели признанија на заслужни граѓани и институции по повод Денот на Република Српска.

Се доделуваат награди за особени заслуги во развивањето и зајакнувањето на соработката, како и за политичките односи меѓу пријателските земји и заслуги во областа на јавните активности кои придонесуваат за политички, економски, социјален и економски раст и развој, како и за здравствениот, социјалниот, културниот , спортот и секој друг вид напредок на целото општество и особен придонес во создавањето и зачувувањето на Република Српска, манифестацијата на лична храброст, како и врвните достигнувања кои севкупно го зајакнуваат мирот, стабилноста и просперитетот на Република Српска.

Можете да прочитате

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа