„Beyond Coffee“ , компанија од Копенхаген се издвои со интересна идеја, која ја спроведуваат бројни здруженија за заштита на животната средина и промоција на еко стилот на живот.
Помислете само колку кафе се пие во светот секој ден и колку талог се фрла секој ден – било во домаќинствата или во кафулињата. Па, добро, што сега? Тој остаток е бескорисен и не е штетен во секој случај, можеби повеќето од нас би помислиле.
Но, Данците велат: повеќето вредни состојки на кафето остануваат содржани токму во тој остаток што неволно се фрла. Бидејќи Данците се едни од водечките љубители на кафе во светот, оваа компанија го прави следново: тие купуваат талог од кафе од кафулиња кои инаку би биле фрлени и ги користат за – одгледување буковки!
И вие можете да бидете свој одгледувач
Оладениот талог од кафе го мешаат со мицелиумот, вегетативниот дел од печурката кој се состои од разгранети нишки. Сето ова се чува во контејнери, а процесот на растење трае четири недели.
Најпрво се чуваат три недели на топло и темно место кое ја симулира почвата во која би растеле во природа. Потоа се преместуваат една недела во поладни простории со висока влажност и повеќе светлина. Тогаш буковките почнуваат да никнуваат.
Исто така забележуваат и како е можно повеќекратно да се одгледуваат печурки користејќи ист талог, а кога го користат, им го предаваат на локалните фармери, кои можат да продолжат да го користат.