Утрински Весник
Македонија

Додека Скопје се дави во канцероген чад, министерот си тера кампања во Чаир

2a588bdc 4dec 4929 adf7 b6d4e8cf8afb.jpeg

Додека Скопје веќе пет часа се бори со огромен пожар кој испушта канцерогени материи во воздухот, институциите повторно задоцнуваат со реакција. Густите облаци чад го прекрија градот, а граѓаните сведочат за неподнослив мирис и видливи последици врз здравјето.

И покрај сериозноста на ситуацијата, министерот за животна средина и прв вицепремиер денеска наместо на терен – е на партиска кампања за локалните избори во Чаир. Оваа постапка предизвикува револт кај јавноста која очекува одговорни и итни мерки, а не игнорирање на еколошката катастрофа што се одвива пред очите на сите.


Скопје со години важи за еден од најзагадените градови во Европа, но сцените на пожар, чад и институционална незаинтересираност ја влошуваат состојбата до ниво на јавноздравствена опасност. Прашањето што останува е – дали здравјето на граѓаните е помалку важно од политичките поени?

Можете да прочитате

После 7 часа борба со оганот, пожарот во Трубарево ќе се гаси со песок

Ангелов: Дрисла е под 24-часовен надзор со термални камери

Скопје 15 дена во чад – Кој го труе главниот град?