Утрински Весник
Македонија

Додека пожарите беснеат, Мицкоски на партиска трибина во Куманово

Img 2151.jpeg

Додека државата се соочува со сериозна криза предизвикана од шумски пожари на повеќе локации, премиерот Христијан Мицкоски вечерва сепак присуствува на партиската трибина во Општина Куманово на тема: „Од енергетска стабилност до силна економија“.

Иако претходно од Владата беше соопштено дека премиерот нема да учествува на трибината поради предвидено заседание на кризниот штаб, тој вечерва се појави на политичкиот настан.


Во меѓувреме, низ земјата беснеат пожари кои бараат итна и координирана интервенција. Активни пожари се регистрирани во:

  • Скопје (Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Сарај и други)
  • Крива Паланка (населба Лозаново – шумски пожар)
  • Дојран (во близина на селото Николиќ, каде што пожарот се приближи до единствениот пат кон селото)

Во дел од регионите, пожарите се гасат со странска помош, вклучително и авиони од Грција, активирани преку Европскиот механизам за цивилна заштита.

Настапот на Мицкоски на трибината во услови на кризна состојба отвори реакции во јавноста и прашања за приоритетите на власта во моменти кога теренот бара постојано лидерско присуство и координација.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика