Утрински Весник
Македонија

Дода: „Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Северна Македонија?

20240928145928 Big 730x400 67.webp.webp

Албанската новинарка, Марјана Дода, основач и главен и одговорен уредник на порталот „Аргументум“, кој третира прашања од геополитиката, во колумна „Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Северна Македонија? оценува дека „ одлуката да се одвои Албанија од Северна Македонија на заедничкото европско патување го враќа  вниманието кон сите жртви и отстапки што ги направи Северна Македонија во името на Европа и за Европа, жртви кои денес очигледно не се доволни“.

Заедничкиот пат кон ЕУ/Зошто Албанија не треба да го прифати одвојувањето од Македонија?

Марјана Дода

Одлуката да се одвои Албанија од Македонија на заедничкото европско патување го враќа вниманието кон сите жртви и отстапки што ги направи Македонија во името на Европа и за Европа. Жртви кои денес очигледно не се доволни.

Амбасадорите на ЕУ на последниот состанок во Брисел одлучија да го унапредат процесот на прием на Албанија, со што се одвојуваја од Северна Македонија, која досега се движеше паралелно со Албанија. Соопштено е дека на 15 октомври се очекува официјално да бидат отворени првите преговори, што ќе биде важен чекор за Албанија, но не и за Македонија. Иако Албанија е земја кандидат од 2014 година, Македонија со статус од 2005 година се чини дека се соочува со покомплицирана ситуација, која може да доведе до стагнација или дополнително влошување.

Иако оваа одлука бара одобрување на највисоките нивоа на ЕУ, оваа промена на ориентацијата создаде разочарување и недоверба во однос на ЕУ, оставајќи сомнеж за нејзината вистинска посветеност на политиката на проширување.

Ништо ново од европскиот хоризонт. Македонија се уште е под притисок за самото нејзино постоење (!). Прашањата поврзани со идентитетот на Македонија веќе се познати како главни пречки за напредување во процесот на интеграција, прво од Грција, а сега и од Бугарија.

Одвојувањето на двете земји во ова патување јасно покажува знак на слабост од страна на ЕУ, која наместо да понуди поддршка, ја остава Македонија да се соочи со нови пречки. Ваквата состојба носи само зголемување на скептицизмот кај граѓаните кон европските институции, зголемување на националистичкиот дух итн.

Повторно, Европската Унија покажува дискриминаторски пристап кон Северна Македонија и нејзиниот народ. Европското семејство уште еднаш ја затвора вратата на оваа земја која толку многу се жртвуваше, сериозно ризикувајќи ја нестабилноста во земјата и регионот. Па, жртвите и напорите што ги прави оваа земја да ги достигне европските стандарди, често придружени со политички и општествени тензии, се чини дека не се соодветно ценети.

Но, иако некои аналитичари го гледаат овој чекор како неуспех на Северна Македонија, според мене, ова е крајниот неуспех на Европа.

Да, Европа покажува дека потфрлила во однос на Северна Македонија, освен геополитичките вонредни околности.

Не успеа и поради плебисцитарната загуба на двојните избори во Северна Македонија. Пораз кој ја донесе вистинската партија ВМРО-ДПМНЕ на власт, покажувајќи дека граѓаните на Македонија веќе немаат верба во СДСМ. Иако СДСМ понуди многу, во името на Европа не успеа да го исполни ветувањето за евроинтеграциите. Затоа овој силен „шамар“ од македонскиот гласач дојде и до самата Европа за неисполнување на ветувањата.

Поразот на СДСМ, предизвикан токму од блокирањето на евроинтегративните процеси и разочарувањето од работата на владата, покажува колку неизвесноста и фрустрацијата можат да влијаат врз политичката стабилност на земјите кои се на пат кон интеграција, уште повеќе тешко за зајакнување на демократијата и доброто владеење.

Европа го прави истото со новата влада во Скопје. Како резултат на оваа поделена одлука, сега опозицијата, аналитичарите итн., се обидуваат да ѝ стават одговорност на владата на Мицковски што таа ја нема. Донесувањето на одлуката од Европа за одвојување на оваа земја од Албанија ја изложува новата влада на нова политичка криза.

Ако Европа мисли дека со изолација на Македонија и десничарската партија што е веќе на власт поради растот на десничарските партии во Европа, не е во ред. Тоа всушност ја изолира и нарушува довербата на македонските граѓани во европските институции.

Друг неуспех се однесува на геополитичкиот пејзаж: Европа го загуби импулсот за проширување, иако геополитичките ситуации, како што е руската војна во Украина, ја нагласија потребата за стабилност и кохезија во регионот. Иако оваа опасност на меѓународните форуми беше нагласувана како егзистенцијална закана за Европа и светскиот поредок, активностите на самата Европска унија не секогаш го одразуваа она што го кажуваат.

По руската агресија во Украина, главна тема беше солидарноста и соработката, а не поделбата. Во овој контекст, неправедно и нелогично е ова патување кон европските интеграции РСМ да застане овде и сега.

Зошто Албанија да не го прифати одвојувањето од Македонија?

Прво, тоа влијае на билатералните односи меѓу Тирана и Скопје.

Со политичките промени во Македонија и јакнењето на десничарските партии, истовремено со заминувањето на последните избори на ДУИ во опозиција, за која силно лобираше премиерот на Албанија Еди Рама, чувствата на тензија меѓу Тирана и Скопје станаа повидливи. Сепак, премиерот Рама има важна улога да се осигура дека Албанците во Македонија се чувствуваат вклучени и поддржани во нивните аспирации. Значи, ако не Македонците и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, тогаш Албанија и премиерот Рама не треба да ја напуштат Македонија за Албанците кои се нејзиниот државотворен фактор.

Албанците преку граница да не бидат на милост и немилост на судбината, туку сопатници на нивната мајка Албанија на европското патување!

Албанија и Северна Македонија имаат заедничка историја и многу отворени прашања поврзани со идентитетот, културата и малцинствата. Бидејќи двете земји се вклучени во сличен процес на интеграција, разделбата може да доведе до продлабочување на историските и културните тензии, што потенцијално би ја поткопало стабилноста во регионот.

На Албанија всушност и е потребна Македонија

Ако Северна Македонија биде изолирана, Албанија исто така ќе се соочи со предизвици. Стабилноста на една земја е тесно поврзана со онаа на нејзините соседи, а секоја криза во Македонија ќе има влијание врз Албанија.

Исто така, Албанија, како и Северна Македонија, може да се соочи со слични ризици од Грција, иако ситуациите се различни.

Настаните од минатата година во Химара со прашањето „Белери“ нè тераат да размислуваме дека Грција е секогаш закана и може да донесе пречки во процесот на интеграција. Можеби утре друга директна закана за Албанија би можела да биде Бугарија.

Ова е многу важен момент што покажува дека Албанија има потреба од Македонија, затоа Албанија мора да остане обединета со Северна Македонија за да испрати силна порака до Грција и Бугарија, нагласувајќи дека секое ново барање ќе се соочи со унифициран став од соседните земји.

Со застанување заедно, Албанија и Македонија можат да спречат нови ставови, особено од Бугарија. Затоа, одвојувањето не само што би била загуба за Македонија, туку несомнено и за Албанија.

Одвојувањето на интеграциските патишта за Македонија испраќа порака спротивна на она што Западот сака да го пренесе. Наместо да покаже поддршка за интеграција и стабилност, оваа одлука би можела да поттикне чувство на страв и несигурност, охрабрувајќи ги земјите да бараат поддршка од странство.

Така, наративот за страв од влијанието на големите сили како Русија, Иран, Кина, но и Турција, кој гласно го артикулира Западот, се чини дека исчезнува пред таквите одлуки, оставајќи простор за сомневања дали Западот е навистина посветен на стабилноста и интеграцијата на оваа земја. Амбасадите на европските земји мора да се повлечат, нагласувајќи ја важноста од континуирана и сигурна поддршка за Македонија, во спротивно, постои ризик земјата да забележи зголемување на влијанието на другите актери, во период кога стабилноста и интеграцијата се повеќе потребни од кога било.

Дали Албанија треба да ја прифати одлуката за одвојување од Македонија? Според мене, особено во контекст на кревката ситуација во регионот и брзите и опасни случувања во светот, таквата поделба ќе ги продлабочи регионалните поделби и ќе создаде атмосфера на тензија, загрозувајќи ја севкупната стабилност. 

Затоа, Албанија мора да дејствува внимателно и да промовира единство со Македонија за да обезбеди мир, просперитет и, пред сè, заедничка интеграција во Европската унија,  заклучува на крајот од колумната, авторката Марјана Дода.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина