Утрински Весник
Македонија

Добив отпусна листа, а уште не ми е завршена терапијата, некој изигрува Господ, вели Пехчевски кој е болен од цистична фиброза

Детска клиника: Игор Пехчевски е во стабилна состојба, утре ќе биде пуштен дома

Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза добил отпусна листа и со тоа вели дека му се ускратени уште цели два дена од примањето на венската терапија.

dobivaj vesti na viber

„Ова ми се прави мене лично дека го барам лекот ‘трикафта’ за сите! Koj тука изгрува Господ за кој ќе живее, а кој не?“ прашува тој.

Објаснува дека неговото лекување почна на 4 април, а задолжително треба да трае до 17 април.

„Се ускратуваат цели 2 дена од примањето на венската терапија. Периодот за хоспитализација секогаш ни е предвидена 14 денови на секои 3 месеци. Незнам зошто некој мене би ме испишал пред време???“, вели тој.

Претходно денес од Универзитетската клиника за детски болести објавија дека Пехчевски е во стабилна состојба и утре ќе биде пуштен дома. Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен, наведоа од клиниката.

Можете да прочитате

Филипче: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Ограбил седум возила, приведен кумановец