Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Добитникот на Нобеловата награда за мир осуден на 10 години затвор во Белорусија

Добитникот на Нобеловата награда за мир осуден на 10 години затвор во Белорусија
Img 7972

Судот во Белорусија денеска го осуди добитникот на Нобеловата награда за мир, продемократскиот активист Алеш Бјалјацки, кој е во притвор во Минск, на 10 години затвор поради финансирање протести во 2020 година и затајување данок, пренесе ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Бјалјацки, продемократски активист и основач на групата за човекови права „Вјазна“, која обезбедуваше правни и финансиски услуги за да им помогне на демонстрантите за време на бранот немири во Белорусија во 2020 година, беше осуден за финансирање протести и затајување данок.

Бјалјацки рече дека бил прогонуван од политички причини, објави „Ројтерс“.

Групите за човекови права велат дека во Белорусија има околу 1.500 политички затвореници, од кои многумина беа уапсени по задушувањето на протестите во 2020 година, кои избувнаа кога Александар Лукашенко го објави својот реизбор за претседател.

Западот и белоруската опозиција изјавија дека резултатите од тие избори се лажни.

Бјалјацки ја доби Нобеловата награда за мир минатата година и е четвртиот човек во 121-годишната историја на Нобеловите награди што ја добил наградата додека бил во затвор или притвор, потсетува АП.

Можете да прочитате

Талибанците објавија дека убиле 58 пакистански војници

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација

Зеленски бара акција против „воздушниот терор“ на Москва по над 4.000 напади за една недела