Утрински Весник
Македонија

До петок сончево и многу топло, за викендот дожд и пад на температурите

Soncevo Drvja.webp.webp

Во следните денови и натаму ќе биде претежно сончево и многу топло со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени.

До крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Во петок и за време на викендот, а особено во сабота, во попладневните часови ќе има појава на локален порен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Пола Скопје без стрија – 24info.mk

Оставка во СДСМ Неготино – Младеновиќ се повлече од функцијата

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат