Утрински Весник
Македонија

До крајот на оваа работна недела не очекува постабилно и посуво време, наутро свежо, додека преку ден поумерено топло

T2m 061 Crop.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

До крајот на оваа работна недела, односно утре (четврток) како и во петок во Македонија атмосферата ќе биде постабилна, па така очекуваме релативно суво време. Времето ќе биде сончево со појава на попладневна умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Сепак и покрај ова, во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи (ништо сериозно).

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, тоа значи дека не очекуваат значително посвежи утра, додека преку денот ќе биде поумерено топло со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, претежно стабилно и суво со појава на умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта помеѓу 18 и 19 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче