Утрински Весник
Спорт

До крајот на годината Роналдо ќе потпише за Ал Наср

До крајот на годината Роналдо ќе потпише за Ал Наср

Кристијано Роналдо по неуспехот на Светското првенство одмара во Дубаи и се подготвува да го попише најголемиот договор во историјата на фудбалот. Во наредните денови, Португалецот ќе потпише договор со Ал Наср, клуб од Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

„Иако би сакал да остане во Европа и да се бори за Лигата на шампионите, Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија„, пишува „Марка“.

Португалскиот напаѓач договорил се со Ал Наср, договорот „тежи“ 500 милиони евра. Роналдо, според договорот, во Ал Наср ќе остане до 2025 година.

Во Саудиска Арабија, трансферот на Роналдо се смета како голем чекор напред во борбата за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Ал Наср, клуб од Ријад, го предводи поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на тимот се голманот Давид Оспина и поранешниот играч на Виљареал, Алваро Гонзалес. Ал Наср е, заедно со Ал Хилал, неговиот градски ривал, најтрофејниот саудиски клуб.

Роналдо, кој е петкратен добитник на „Златната топка“, минатата година се врати во Манчестер јунајтед. По разочарувачката сезона летово сакаше да го смени клубот, но на крајот остана во Манчестер, а потоа се скара со тренерот и во интервју го критикуваше клубот. Пред почетокот на СП, Манчестер јунајтед го раскина договорот со Роналдо.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ