Утрински Весник
Магазин

До која возраст бебето треба да спие со родителите?

20240724103743 Big 730x400 75.webp.webp

Се смета дека спиењето со родителите е најздравиот сон за бебињата. Но, главното прашање во овој контекст е: До која возраст?

Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува бебињата да го делат просторот со родителите додека не наполнат шест месеци. Потоа, сепак, малечкото треба да спие во своето креветче, а не во креветот на родителите. Истражувањата покажаа дека оваа практика, меѓу другото, ја намалува опасноста од синдромот на ненадејна смрт на доенчето, пренесува порталот „Перентс“ (Parents).

Доколку бебето спие со родителите, тоа може да предизвика заглавување меѓу душекот и рамката на креветот, потиснување и многу други потенцијални проблеми.

Кога ќе наполни шест месеци, бебето веќе е поподвижно и треба да спие во посебно креветче. Советите гласат: Ставете го малечкото на грб, извадете ги сите непотребни предмети од креветчето и температурата во просторијата нека биде меѓу 20 и 22 Целзиусови степени. Во таа смисла, и мониторот за бебиња е корисен за да се знае што се случува во секое време. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста