Утрински Весник
Македонија

Дојави за бомби во судови, музеи, шопинг молови, хотели во Скопје

Дојави за бомби во судови, музеи, шопинг молови, хотели во Скопје

Дојави за бомби утрово пристигнале на адресите на повеќе институции, трговски центри, спортски објекти, во Вила Водно кај претседателот на државата.

dobivaj vesti na viber

„Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“ – се вели во соопштението од МВР.

Дојави за наводно поставени бомби има повторно и во училиштата во Скопје.

Сите досегашни дојави за бомби беа лажни.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“