Утрински Весник
Македонија

Дојава за поставена бомба во МНР

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на протокол на МНР кој што го згреши знамето не е разрешен, туку унапреден

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека до нив преку електронска пошта пристигнала информација за поставена бомба во зградата на министерството.

dobivaj vesti na viber

„Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи“, се потенцира во соопштението од МНР.

Министерството, како што појаснуваат од таму, веднаш ги известило соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата била евакуирана веднаш.

„Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“