Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија

Knigi.png
300x250 opst2

Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025.

–  Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити (кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со успех од претходните години (го пополнува и заверува факултетот) и индекс (од прв запишан семестар до последен заверен семестар) како доказ дека има положено 80%, односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех при студирањето, согласно договорот / решението за доделување на стипендијата, соопшти МОН.


За  каква било информација или прашање во врска со правото на студентска стипендија студентите може да се обратат на електронската адреса: studentskii.stipendii@mon.gov.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со собирање политички поени на најголемата трагедија која ја потресе Македонија

Пред бројни гости свечено се отвори „Букстар“, врачена наградата на Блаже Миневски

Стејт департмент: Северна Македонија вложува значителни напори, но се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе