Утрински Весник
Спорт

Дмитровиќ: Успеав да се воздржам, сакав да го удрам

Дмитровиќ: Успеав да се воздржам, сакав да го удрам

Голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ, по мечот со ПСВ во Ајндховен, го коментираше инцидентот со еден хулиган на домашниот тим.

dobivaj vesti na viber

Хулиганот во текот на мечот, влезе на теренот, го нападна, го удри, а Дмитровиќ набрзо го собори, го совлада и чекаше обезбедувањето да реагира.

„Малку ми го изгреба носот. Точно е дека сакав да го удрам, не е убаво“, рекол Дмитровиќ и додал.

„Ме турна одзади. Беше лут поради резултатот, малку луд или пијан. Ме турна и го запрев додека не дојде обезбедувањето. Бев бесен, се надевам дека ќе биде казнет. Не сакам да кажам што сакав да му направам, мило ми е што се воздржав. Ако некој ме нападне, ќе се бранам. ПСВ е голем клуб, сигурно ќе го казнат”.

Инаку, Севиља се пласираше во осминафиналето со вкупен резултат 3:2.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига