
Државната комисија за спречување на корупцијата има кредибилитет да ја продолжи својата работа. Така велат од Антикорупциската комисија на едно од трите прашања кои „360 степени“ вчера ги испрати до институцијата. Повод за прашањата, пак, беше одлуката на обвинителството да поднесе обвинение против претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Подетално, интегралниот одговор на нашето прашање „Дали по поднесувањето на обвинението Државната комисија за спречување на комисијата смета дека има морален легитимитет и кредибилитет да продолжи да работи во овој состав, без разлика дали претседателката Татјана Димитровска ќе поднесе или нема да поднесе оставка?“, е:
Ве известуваме дека Државната комисија продолжува да работи редовно и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а нејзиното функционирање е од исклучителна важност за општеството. Одговорноста е индивидуална, поради што Комисијата поседува кредибилитет и продолжува со своето работење, одговорија од ДКСК за 360 дтепени.
Ако се чита меѓу редови, додавањето на реченицата дека „одговорноста е индивидуална“ може да се толкува како дистанцирање на остатокот од институцијата од нивната претседателка. Аргумент плус кон таквиот впечаток е одговорот кој го добивме од ДКСК на прашањето – дали претседателката (ќе) си поднесе оставка по обвинението?
„Цениме дека одговор на истото треба да даде лично претседателката Татјана Димитровска“ одговорија од ДКСК.
Не случајно, кога се упатени прашањата, во комуникацијата е додадена и адресата за е-пошта на претседателката Татјана Димитровска. Но, од нејзе, засега нема никаков одговор – дали ќе поднесе оставка или не. И, од кои причини, како и да одлучи.
Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.