Утрински Весник
Македонија

ДКСК почна со антикорупциска проверка на измените на Законот за јавните набавки предложени од ВМРО-ДПМНЕ

Dksk.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По реакцијата на невладините во врска со предложените измени на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, денеска се огласија и од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Оттаму изразуваат сериозна загриженост поради предлог-измените на Законот и информираат дека веќе започнале постапка за нивна антикорупциска проверка.

ретходно денеска Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата соопшти дека бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка, укажувајќи дека повеќе делови во предложениот текст водат кон сериозно уназадување на заштитата од корупција во јавните набавки.


Од Платформата реагираа на тоа што со измените се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки и, идентично како и ДКСК, изразија загриженост затоа што се предвидува престанок на мандатите на претседателот и на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки, без притоа да бидат исполнети условите за разрешување и без какви било јавни консултации.

Според Платформата, ова претставува упад во работата на институциите кои по својот модел треба да бидат независни од централната власт и опасен преседан кој води кон дополнителна партизација на институциите.

Особено, велат оттаму, загрижува моментот кога се предлагаат овие и низа други измени во Законот.

„При историски највисок буџет, нови задолжувања и секојдневни индиции за злоупотреба на јавните пари, ваквите измени се чекор назад во градење на систем кој може да ја спречува  и ефективно да ја санкционира корупцијата“,велат од Платформата.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен