Утрински Весник
Македонија

ДКСК: Од 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење ниту една не е процесуирана

Bil Ana Ivanovska Dksk 9.jpg

Државната комисија за спречување на корупцијата за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2872 предмети од кои 2788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива. При тоа решени се 2451 предмети, а биле поднесени 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење. Ниту една иницијатива за кривично гонење не била процесуирана, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на брифинг со новинарите по повод завршување на мандатот.

Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавно обвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навака со исклучок на „Бачило“. Тоа се вкупно над 200 иницијативи за кривично гонење кои излегле од овде во последните дваесетина години како постои оваа институција, вели Ивановска.

За тоа што треба да се преземе понатаму за ова да се промени, таа смета дека прашањето треба да се постави во правосудните органи, каде, како што посочи се потребни коренити промени, но, додаде дека и секоја институција треба да си ја врши работата за која е надлежна.

-Недостига вторииот миомент, а тоа е спровбедување на нашите одлуки и тоа не само на ДКСК, туку на независните тела. Вие го читате извештајот на ЕК, секоја година се повторува една иста препорака – институциите да постапат понатаму по иницијативите, по препораките на независните тела, за да можат предметите да си имаат своја завршница. Со носење на Кривичен законик за 24 часа, со кој што се намалија казните, со поништување на над 200 предмети, и со еден процент доверба во судството, резултатите се такви какви што ги гледаме. Значи прво треба да бидеме јасни пред себе дали сме за искрена борба против корупција, или за декларативна, посочува Ивановска.

Прашана за што се најмногу задоволни од својата работа, таа ги наведе 56-те иницијативи за покренување постапка за крвично гонење и 59-те иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица, кои практично, вели, се иницијативи за разрешување на високи функционери.

-Сите тие се однесуваат на високи профили на функционери, и сите се поткрепени со доказен материјал кои Обвинителството требаше да ги има предвид, да не ги третира како пријава од обичен граѓан. Затоа што дел од тие наоди се потпираат на ревизорски извештаи. Горди сме и на сите иницијативи до Уставен суд иако беа отфрлени – и за поранешен претседател ни држеше иницијативата, и за „Бехтел и Енка“ за носење на законот по кратка постапка, затоа што Уставот се крши со тоа, но така функционира државата и час поскоро тоа треба да се промени, вели Ивановска.

Можете да прочитате

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Табановце” и „Богородица”

Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Естер Линч во посета на ССМ

Учениците се враќаат на настава, со учебници, едносменска настава и без пролетен распуст почнува новата учебна година